Откриени капсули што ќе ги заменат инсулинските инјекции

Милиони пациенти кои живеат со дијабетес, конечно, може да бидат поштедени од непријатните инсулински инјекции.

Истражувачите на Технолошкиот институтот во Масачусетс создадоа капсула инсулин која е доволно моќна за да ја „преживее“ желудочната киселина.

Претходните обиди за земање инсулин во облик на таблети не успеаја затоа што тие се раствораат во киселина и го ослободуваат хормонот предвреме.

Сепак, научниците создадоа капсула од 3 см, која е доволно цврста за да ја издржи „непријателската“ околина, покажаа испитувањата спроведени на свињи. Оваа капсула е обложена со заштитен слој на полимер што може да ја „преживее“ желудочната киселина.

Истражувачкиот тим соопшти дека се надева оти овие капсули во иднина ќе им бидат огромна помош на лицата со дијабетес.

Текстот Откриени капсули што ќе ги заменат инсулинските инјекции е превземен од USB.mk.