Откриени нов тип на минијатурни црни дупки

Во списанието Science е објавена студија за откриени и класифицирани нов тип на црни дупки. Станува збор за црни дупки кои се значително помали од оние со денес познатите димензии, па и за помали односно минијатурни црни дупки.

„Постои цела една популација која треба да ја истражиме во нашиот поход на црни дупки“, вели астрономот Тод Томпсон, водач на истражувачкиот тим и професор на Универзитетот во Охајо.

Црните дупки настануваат од умрени ѕвезди, а откако експлодираат и колабираат креираат тело со исклучително силна гравитација на која не може ни светлината да ѝ избега. Некои црни дупки се лоцирани во центрите на галаксиите и се еден вид мотор на целата галаксија, а некои се родени во други делови на овие масивни збирови на ѕвезди.

Сепак, не сите мртви ѕвезди се претвораат во црни дупки, некои станале и неутронски ѕвезди. Овие две групи на тела кои настануваат со смрт на ѕвезда се во фокусот на научниците.

До неодамна се мислеше дека црните дупки варираат во големината и во масата, но сега се забележани црни дупки кои се 3,3 пати поголеми од Сонцето. До неодамна најмалата забележана црна дупка беше 3,8 пати поголема од Сонцето.

Текстот Откриени нов тип на минијатурни црни дупки е превземен од USB.mk.