Паметен град заснован на блокчеин никнува во американска пустина?

Градот всушност би требало да биде тестен полигон за развој на блокчеин технологијата за користење во урбано опкружување.

Иако лудилото за криптовалути е зад нас и се чини дека пазарот се смири. Но, оние кои во текот на лудилото заработиле милиони (а некои и милијарди) се размислуваат што ќе прават со парите. Еден таков криптомилионер дојде на идеја на создавање на паметен град заснован на блокчеин технологија среде американска пустина.

Џефри Бернс планира да претвори 27 илјади хектар на северот на сојузната држава Невада во град на иднината. Наводно само земјиштето го платил 170 милиони долари, а колку уште ќе вложи во развој на паметниот град не е познато.

Засега ова подрачје се нарекува “Innovation Park”, А Бернс таму го смести седиштето на својата компанија Blockchains, која се занимава со вложувања во блокчеин технологија. Во близина се некои од големите технолошки џинови како Apple, Google и Teslа.

Зборувајќи за својата визија, Бернс рече дека градот ќе биде „нов облик на деловна и резиденцијална заедница. Градот всушност би требало да биде тестен полигон за развој на блокчеин технологијата за користење во урбано опкружување.

Текстот Паметен град заснован на блокчеин никнува во американска пустина? е превземен од USB.mk.