Патувањето околу Марс го скратува животот за 2,5 години

Патувањето околу Црвената планета би ги изложило вселенските патници на опасно високо ниво на сончева радијација што се проценува дека би им ги скратило животите за околу две и пол години, покажа едно најново истражување.

Извештајот од истражувањето до кој дојде Sputnik, за влијанието на сончевите честички врз космонаутите на мисија на Марс, ќе биде презентиран на конференција за вселенска биологија и медицина што се одржува во Москва.

„Направени се проценки за влијанието на радијацијата примена за време на долг лет до Марс од најмногу три години, во екот на сончевата активност, и со различна густина на алуминумската заштита, на целокупниот животен век на космонаутот“, стои во извештајот.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека стандардниот човечки организам на патување во орбитата на Марс под голема брзина во едноставно сферично летало „на двегодишна експедиција до Марс и назад би бил изложен на комбиниран радијациски ризик во текот на еден животен век, без разлика на возраста, зад радијациски штит од 20 грама на сантиметар квадратен, од околу 7,5%, што во просек би го намалило животниот век за 2,5 години.“

Рускиот претседател Владимир Путин во март рече дека една од целите на вселенската програма на земјата е мисија на Марс со човечки екипаж, како и истражување на Месечината и длабоката вселена.

Лани руските научници почнаа со психолошки експерименти за да дозаат како мешан екипаж со луѓе од различни земји би можеле да патуваат во симулирана изолација.

Текстот Патувањето околу Марс го скратува животот за 2,5 години е превземен од USB.mk.