Песокот е поотпорен од челикот на ударите на брзите балистички проектили

Раководителот на ова истражување, професор Дарен Чина Сиау Чен од Факултетот за инженерство при Националниот универзитет во Сингапур, заедно со својот тим од научници проучувал што се случува во текот на стартувањето на брзите проектили во блок направен од песок и дошол до сознание дека песокот може да впие повеќе од 85 отсто од енергијата произведена од ударот. Оваа способност се зголемува со брзината на проектилот.

Песокот веќе се применува во војската, но малку се знае за неговата уникатна способност за апсорбирање енергија. Ова сознание посочува дека песокот би можел да биде поевтина, полесна и поеколошка алтернатива за подобрување на заштитата на инфраструктурата.

Научниците спровеле текстови при стартување проектили со различни форми и големини во блок од силикатен песок. Силикатниот песок е најпознатиот вид песок.

– Иако песокот се користи за одбрана, постојат малку сознанија зошто е отпорен на удар и како таа отпорност се зголемува со брзината и геометријата на проектилот. Нашето истражување се фоокусира на механизмот апсорбирање на енергијата. Дознавме дека песокот има голем потенцијал како материјал за заштита од удари – вели професорот Чиан.

Песокот има подобра способност да апсорбира енергија отколку челикот

Научниците откриле дека за време на удар може да настане екстремна фрикциска сила што може да го уништи проектилот на парчиња. Ова се случува поради притисокот, а зрнцињата песок се шират и се спротивставуваат на проектилите.

Но, способноста на челикот за апсорбирање енергија значително се намалува бидејќи се зголемува брзината на проектилот, па проектилот лесно поминува низ него. Ова се нарекува хидродинамичен ефект – челикот дејствува како течност без материјална сила при удар на проектилот со голема брзина.

Научниците сметаат дека ова знаење може да влијае врз широко распространетата употреба на песокот што моментално најмногу се користи во производство и конструкција на стакло и градби.

– Поради овие уникатни карактеристики, песокот може да има широка употреба во секојдневниот живот и во системот за одбрана. На пример, може делумно да ја замени употребата на челикот, кој е еден од клучните материјали за системите за воена опрема, бидејќи песокот е поевтин и полесен. За време на воена состојба може да се користи и како дополнителен градежен материјал за подобрување на заштитата на важни инфраструктури и засолништа – објаснува професорот Чиан.

Тимот ќе спроведе понатамошни истражувања за да го открие вистинскиот потенцијал на песокот и на другите материјали, на пример, чакалот.

Извор: Geek.hr

Текстот Песокот е поотпорен од челикот на ударите на брзите балистички проектили е превземен од USB.mk.