Пловечки парк од рециклиран отпад во Холандија

Холандската фондација Recycled Island неодамна промовираше прототип на пловечки парк направен целосно од рециклиран пластичен отпад, кој наместо да заврши во океанот добива функционалност која ќе може јавноста да ја користи, објави порталот InHabitat.

Според извештајот на холандското Министерство за инфраструктура и животна средина, секоја година повеќе од 1.000 кубни метри пластичен отпад се транспортира по реката Меуза и завршува во Северното Море. Така наместо да се загадува океанот фондацијата Recycled Island во соработка со 25 партнери го креираа овој јавен простор во Ротердам, којшто се состои од лебдечки платформи направени од рециклиран пластичен отпад. Тимот постави мрежи по должината на реката Меуза за да се собира отпадот, а потоа истиот се трансформираше во платформи за пловечкиот парк.

Но платформите не се само дизајнирани за намалување на загадувањето со пластика – тие, исто така, служат и како живеалиште на дивата флора и фауна. Над и под површината на реката растат растенија и на тој начин се  овозможува да се развие зеленилото на врвот на платформите, воедно обезбедувајќи живеалиште за морските животни, и поттикнување на рибите да положат јајца под платформите.

Откако ја исполни својата првична цел, сега овој прототип на отворен парк, ќе се проширува и неговата крајна цел е да се инкорпорираат неколку типови на водни платформи во паркот, и да се најде трајно решение за собирање на пластиката од холандското пристаниште.

Текстот Пловечки парк од рециклиран отпад во Холандија е превземен од USB.mk.