Почнува „Астрофото натпревар“

Оваа есен првпат во Македонија ќе биде одржан фотографскиот натпревар насловен „Астрофото натпревар“.

Натпреварот на фотографии е организиран од здружението „Споделено знаење“ огранок на Википедија/Викимедија во Македонија во соработка со Скопското астрономско друштво на теми од астрофотографија. односно фотографии на астрономски тела и предмети во вселената.

Целта на натпреварот е да се соберат фотографии од астрономски тела, предмети, објекти, појави, како и небесни настани во вселената, сликани на ноќното небо со главна цел тие да бидат и понатаму да се користат од документарен и информативен карактер. Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на ризницата на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање  статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти.

Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди.

Натпреварот ќе трае од 15 октомври 2019 во 0:00:00 часот и 15 ноември 2019 година во 23:59:59 часот. Учеството е слободно преку пријавување на формуларот за учество. Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник во натпреварот, а бројот на фотографии прикачени од еден автор е неограничен. Содржината на фотографијата мора да биде од документарен карактер и фотографијата на астрономски тела, предмети, објекти, појави, небесни настани и области во вселената на ноќното небо може да биде направена каде било, во и надвор од територијата на Македонија.

Текстот Почнува „Астрофото натпревар“ е превземен од USB.mk.