Попокатепетл повторно активен, исфрла столбови чад во висина од 3 километри

Вулканот Попокатепетл во централниот дел на Мексико повторно се активира исфрлајќи пепел и вжарени камења три километри во воздухот заедно со облаци од чад, кои се движат кон околните градови, соопшти денеска мексиканската служба за цивилна заштита.

Службата соошти дека вжарени камења и пепел паѓаат во области оддалечени два километра од вулканот, па и во населени области североисточно од Попокатепетл, објави агенцијата АП.

Околу 25 милиони луѓе живеат во радиус од 100 километри од кратерот на овој стратовулкан, кој е висок 5.426 метри.

Ерупции на вулканот Попокатепетл периодично се случуваат од 1994 година, пренесува агенцијата.

Извор: Макфакс

Текстот Попокатепетл повторно активен, исфрла столбови чад во висина од 3 километри е превземен од USB.mk.