Потрага по „Божјата честичка” – Продолжува циклусот на Скопско астрономско друштво

Сите сте слушнале за протони, неутрони и електрони. Но дали сте слушнале за кваркови, лептони, бозони, глуони…? Досега најдобар модел за објаснување на светот околу нас со најмали димензии е Стандардниот модел. Тој во себе ги вклучува сите честички и взаемни дејства што владејат меѓу нив. Еден дел од него е и Хигсовиот бозон т.н. „Божја честичка”. Како течела потрагата по фамозната „Божија честичка” и што требале најмодерната наука и технологија да направат за да ја откријат. Големиот хадронски судирач (LHC) е направен под земја помеѓу Франција и Швајцарија, направен е со цел да ги помести нашите знаења за честичките и силите кои владејат во светот на атомите. Но дали е тој доволен да ни ги открие сите тајни?

Дискусија за сите овие прашања ќе се одржи во четврток, на 15. ноември во Амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии со почеток во 20 часот.

И оваа година, Скопско Астрономско Друштво организира Циклус предавања на популарни астрономски теми. Циклусот започна на 18.10.2018, а предвидени се 7 предавања од различни области во астрономијата, со актуелни и интересни теми, но и едно предавање од биомедицината на тема која е актуелна и од особено значење. Циклусот е од популарен карактер и е така конципиран што за негово следење не се потребни предзнаења. Предавањата тематски не се директно поврзани помеѓу себе.

Распоредот на предавања е следен:

  • Живот на Марс 
  • Мисијата Касини
  • Темниот Универзум
  • Космологијата низ вековите
  • Теорија на струни
  • Терапија и рана детекција на рак: каква иднина ни претстои?
  • Црни дупки
  • Ајнштајновите теории на релативитет

Цената за секое поединечно предавање изнесува 100 денари. За членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари од предавање (притоа посетителот треба да покаже членска карта или индекс).

Циклусот е поддржан од Факултетот за електротехника и информациски технологии. За повеќе информации слободно пишете ни на [email protected] или јавете се на 076 439 027.

Текстот Потрага по „Божјата честичка” – Продолжува циклусот на Скопско астрономско друштво е превземен од USB.mk.