Пронајден брод полн со злато потопен пред повеќе од 100 години (ВИДЕО)

Руски воен брод потопен пред 113 години е откриен во близина на брегот на Јужна Кореја. Истражувачите веруваат дека на него се наоѓа злато вредно над 100 милијарди фунти.

Рускиот брод од Царската морнарица на Димитри Донски е потопен во битка со Јапонците во 1905. година, а тој е пронајден на длабочина од само 500 метри.

Бродот го најдоа истражувачи од Јужна Кореја, Англија и Канада. Тие со помош на мала подморница го забележале трупот и остатоците од бродот.

Тој запловил во 1883. година во Санкт Петербург, а моторите му биле на јаглен, додека имал три јарбола со едра.

Извор: B92.net

Текстот Пронајден брод полн со злато потопен пред повеќе од 100 години (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.