Пронајдено најстарото античко бродоградилиште

Египетските археолози открија античка работилница за изградба на бродови. Таа била изградена во ерата на Птоломеј (332 п.н.е. – 30 п.н.е.). на полуостровот Синај.

Откритието е дотолку поголемо, бидејќи станува збор за најстарата ваква работилница откриена во светот, а од која се сочувани два од доковите за градба и поправка. Некогаш, една од притоките на Нил минувала близу до работилницата, но со текот на времето станала плитка, па дури и пресушила, по што бродоградилиштето било затворено.

Истражувачите на местото исто така откриле остатоци од дрвени греди, бронзени и железни делови и фрагменти од глинени садови.Истражувањата се вршени на територијата на историскиот локалитет Тел Абу Сафи на север од Синај. Се верува дека местото некогаш било римската тврдина Сила.

Текстот Пронајдено најстарото античко бродоградилиште е превземен од USB.mk.