Редок син астероид со енигматични карактеристики

Сините астероиди се ретки, а сините комети скоро и да не постојат, пишува Science Daily. Во изминатиот период, меѓународен тим, предводен од Теди Карета, докторант при Универзитетот во Аризона, го истражуваше Phaethon, бизарен астероид кој понекогаш се однесува како комета, а откритијата се покажале далеку поенигматични отколку што претходно се сметало.

Користејќи телескопи на Хаваи и Аризона, тимот проучувал дали сончевата светлина се рефлектира од Phaethon, за кој се знае дека има сина боја. Сините астероиди, кои одразуваат поголема светлина во синиот дел на спектарот, сочинуваат само мал дел од сите познати астероиди. Мнозинството астероиди имаат од сива до црвена боја, во зависност од материјалот на нивната површина.

Phaethon се издвојува поради две причини: се чини дека тој е еден од “најсините“ слични обоени астероиди или комети во Сончевиот систем; а неговата орбита го носи толку блиску до Сонцето што неговата површина се загрева до околу 800 Целзиусови степени, што е доволно топло за го истопи алуминиумот.

Астрономите се заинтригирани од Phaethon и поради други причини, бидејќи тој воедно има квалитети на астероид и комета, врз основа на неговиот изглед и однесување.

Phaethon секогаш се појавува како точка на небото, како и илјадници други астероиди, а не како нејасно тело со опашка, односно како комета. Но, Phaethon е и извор на годишниот Geminid метеорски туш, кој може лесно да се забележи во почетокот на средината на декември.

Метеорските дождови се случуваат кога Земјата поминува низ патеката на прашина која што останува зад орбитата на одредена комета. Каде и кога се појавуваат метеорските тушеви, зависи од тоа како орбитата на кометата е поставена кон Земјата. Се верува дека Phaethon е “родител“ на метеорскиот туш Geminid, бидејќи неговата орбита е многу слична со орбитата на метеорите Geminid, додава Science Daily.

Текстот Редок син астероид со енигматични карактеристики е превземен од USB.mk.