Рим дава бесплатно возење во метро ако рециклирате пластично шише

Рим почна со реализација на проект со кој луѓето од градот можат да рециклираат пластични шишиња, а за возврат да добијат карти за бесплатно возење на системот за јавниот градски превоз. Наречен + Ricicli + Viaggi , или + Recycle + Travel, шемата за рециклирање прифаќа ПЕТ пластични шишиња кои се собрани и испратени на обработка.

Машините на три метро станици во градот разменуваат едно пластично шише за 0,05 € во кредит, што значи дека за да добиете една карта за бесплатно возење во метрото треба да рециклирате 30 шишиња.

Кредитите собрани преку рециклирање можат да се користат во метро-системот на Рим.

„Можеме да кажеме дека ние сме првиот голем европски град кој ја претстави оваа иновација“, рече градоначалничката на Рим, Вирџинија Раги.

„Машината која ‘јаде’ пластични шишиња и издава кредит со кој може да се купат автобуски билети е веќе поставена на три локации“, додаде таа.

Проектот за рециклирање исто така ќе помогне во решавањето на проблемот со ѓубрето во Рим . Бидејќи климатските промени и пластичното загадување стануваат се поголемо оптеретување на градовите низ целиот свет, луѓето се обидуваат да измислат иновативни решенија.

Текстот Рим дава бесплатно возење во метро ако рециклирате пластично шише е превземен од USB.mk.