RoboMac 2020 од 9 до 14 март во ФЕИТ

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ги повикува сите студенти, ентузијасти и љубители на роботиката да се пријават на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2020, кој ќе се одржи десетти пат во периодот од 9 до 14 март.

Учесниците на натпреварот ќе имаат можност да работат во парови, да ги употребат своите знаења и вештини, да ги надградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.

Категориите во кои учесниците може да се натпреваруваат се: роботска рака, сумо, Line Follower, лавиринт, AI Football, Sphero. Покрај тоа, ќе имаат можност да присуствуваат на предавања од своите области од интерес.

Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 14 март. RoboMac е организиран од Студентскиот разгранок на Македонската секција на ИЕЕЕ, како и студенти волонтери од ФЕИТ.

Текстот RoboMac 2020 од 9 до 14 март во ФЕИТ е превземен од USB.mk.