Робот на Volkswagen наоѓа електричен автомобил на паркинг и го полни

Компанијата Volkswagen во еден од своите нови проекти разви робот кој ги полни електричните автомобили. Volkswagen претстави концептен робот за мобилно полнење, кој ги пронаоѓа електричните автомобили и самостојно ги полни.

Роботот во иднина би можел да „комуницира“ со автомобилот, да го отвори приклучокот за полнење и да се приклучи без човечка интерација. Опремен е со камери, ласерски скенери и ултрасоничен сензор, а тоа му овозможува слободно да се движи и да ги заобиколува пречките.

Роботот би ја влечел големата батерија на тркала со сила од 25 kWh и би ја спојувал со автомобилот, а потоа би се преминувало на следната задача. Кога автомобилот би се наполнил, роботот би се враќал по батеријата и би ја влечел до станицата за полнење.

Во Volkswagen сметаат дека роботот би бил корисен и во поголемите гаражи.

Роботот моментно е во фаза на прототип, а кога ќе се појави на пазарот, засега не е познато.

 

Текстот Робот на Volkswagen наоѓа електричен автомобил на паркинг и го полни е превземен од USB.mk.