Робот создаден за да живее на Марс (ВИДЕО)

SpaceBok е чуден робот на четири нозе, создаден со идејата да биде во можност да води вселенски експедиции (Марс, Месечината, итн.).

Гравитацијата во различни региони на вселената е радикално поинаква во однос на онаа која е на Земјата, а SpaceBok е создаден да работи адекватно со гравитационото поле на Марс, Месечината и др.

Споделеното видео од ESA (Европската вселенска агенција) го покажува SpaceBok во акција – роботот може да потскокнува, да оди и дури симулира игра на Pong.

Тимот кој стои зад него избрал посебен систем за неговите „нозе“, кој се користи при ориентацијата на сателитите.

Роботот ќе помине низ прилично тешки тестови за да покаже како работи во карпести услови.

Текстот Робот создаден за да живее на Марс (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.