Роботот Софија доби уште еден „член на семејството“ (ВИДЕО)

Hanson Robotics, компанија која што стои зад хуманоидниот робот Софија, дизајнираше уште еден робот – член на семејството. Станува збор за „Малата Софија“, односно робот висок околу 35 сантиметри, кој што би требало да ги подучува децата во кодирање и вештачка интелигенција.

Новиот робот практично е едукативна алатка – помладата сестра на веќе познатата „голема“ Софија, робот кој што доби државјанство на Саудиска Арабија.

Новиот робот е наменет за деца на возраст од 7 до 13 години и би требало да ги мотивира да научат повеќе за кодирањето и вештачката интелигенција, па така процесот на учење да биде позабавен за децата.

Малиот робот Софија може да се движи, да говори, да пее и да игра различни игри, а покрај тоа располага и со низа на фацијални експресии кои што ја олеснуваат комуникацијата.

Новиот робот доаѓа и со отворена софтверска платформа со што „Малата Софија“ ќе ја направи пофлексибилна, односно роботот ќе биде полесен за програмирање.

Извор: PC Press

Текстот Роботот Софија доби уште еден „член на семејството“ (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.