Ролс-Ројс се вклучува во трката за произведување на летачко такси

Британската компанија Ролс Ројс што произведува млазни погони дизајнирале нов тип на мотор за летачко такси. Компанијата моментално бара партнери што ќе помогнат во развивањето на проектот и се надева дека нивното летачко такси ќе биде пуштено во употреба во наредните 3 до 5 години.

Ролс Ројс во Недела сподели дека плановите за електрично возило што вертикално полетува и слетува се готови, и во нивниот дизајн возилото ќе може да смести 4-5 особи, ќе патува со брзина од над 300 километри на час и ќе има дострел од околу 800 километри.

Компанија која произведува мотори за авиони, хеликоптери и бродови се вклучи во трката за производство на летачки таксиња.

Во трката се вклучени веќе неколку големи компании како Ербас, Убер и стартапот Кити Хок што е започнат од основачот на Гугл, Лери Пејџ.

Текстот Ролс-Ројс се вклучува во трката за произведување на летачко такси е превземен од USB.mk.