Роверот на НАСА на Марс веројатно е мртов

НАСА објави дека роверот Opportunity, кој 15 години е на Марс е мртов.

Роверот за последен пат комуницирал со Земјата пред осум месеци , а комуникацијата се прекинала по песочната бура на Марс. Од таму од НАСА заклучија дека не можат веќед а се поврзат со него , откако повеќе пати се обиделе.

Од таму мисијата на овој ровер е прогласена за завршена. Роверот слета на Марс во 2004 , а од тогаш неговата мисија го смени нашето разбирање за Марс.

Овој ровер ги надмина сите очекувања , зашто со години праќаше податоци на Земјата , соопштуваат од НАСА.

Животниот век на роверот беше 60 пати од предвидениот, а наместо 1000 метри  помина цели 45 километри се додека не заврши во долината Персеверанс.

Текстот Роверот на НАСА на Марс веројатно е мртов е превземен од USB.mk.