Русија произведува дополнителни Soyuz ракети за помош на мисиите на NASA

Додека Соединетите Американски Држави сакаат во иднина да зависат помалку од руските ракети, Русија очекува барем уште некое време да учествува во вселенските програми на NASA.

Главниот извршен директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин неодамна нарача изградба на уште двe Soyuz MS вселенски летало, од кои едното треба да се користи за транспорт на американските космонаути до Меѓународната вселенска станица. Одлуката за новите ракети следуваше по писмото на директорот на NASA, Џим Бриденштајн, во кое извести за одложување на програмата за комерцијални космички летови, токму поради недостаток на летала.

На американските астронаути во текот на 2020. и 2021. година би можеле да им затребаат повеќе седишта за вселенски патувања, а покрај нив, на истиот пат би можеле да тргнат и обичните патници. Второто Soyuz летало е наменето токму за нив и комерцијалните летови во вселената, кои се планирани веќе за 2021. година.

За изработка на двете нови ракети ќе бидат потребни околу две години, па Русија ја користи приликата да ги критикува САД, поради тоа што претходно не побарале помош. Така летовите со помош на само американски авиони ќе почекаат уште некое време, иако Space X се надева дека Crew Dragon на пат за вселената ќе тргне во 2020. година, за по него да полета и CST-100 Starliner на компанијата Boeing.

 

Текстот Русија произведува дополнителни Soyuz ракети за помош на мисиите на NASA е превземен од USB.mk.