Сателит TESS ја откри првата најблиска “супер-Земја“

Меѓународен тим астрономи предводен од Лиза Калтенегер од Универзитетот Карнел, го претстави првото потенцијално живеалиште надвор од нашиот Сончев систем, откриено од страна на сателитот на НАСА за транзитирачки егзопланети (TESS), пишува Science Daily.

На далечина од околу 31 светлосна година, супер-Земјата наречена GJ 357 d – беше откриена во почетокот на 2019 година благодарение на TESS, чија мисија е да ја пребарува вселената за егзопланети.

„Ова е возбудливо, бидејќи ова е прво откритие на TESS за блиска супер-Земја што би можела да има живот – TESS е мала, моќна мисија со огромен дострел“, рече Калтенегер, вонреден професор по астрономија, директор на институтот „Карл Саган“ на Корнел и член на научниот тим TESS.

Текстот Сателит TESS ја откри првата најблиска “супер-Земја“ е превземен од USB.mk.