Сатурновата месечина Енцелад ги подржува основните услови за живот

Користејќи примероци собрани а подоцна и анализирани со спектрометарот на Касини леталото на НАСА, научниците пронајдија големи органски молекули богати со јаглерод на Сатурновата месечина Енцелад.

Примероците беа собрани кога истите беа исфрлени низ пукнатините на замрзнатата површина се до орбитата на оваа месечина.

Според научниците хемиски реакции помеѓу карпестото јадро на месечината и подповршинска топла вода се причината за да се добиат овие комплексни органски молекули.

Претходно беа пронајдени органски молекули составени од неколку атоми, но во новото откритие молекулите имаат маса од над 200 атомски единици што е многу значајно бидејќи ова ја прави месечината единственото тело во нашиот сончев систем што покрај Земјата ги исполнува сите основни услови за живот.

The post Сатурновата месечина Енцелад ги подржува основните услови за живот appeared first on USB.mk.