Се расипа вселенскиот телескоп Hubble

Американската вселенска агенција NASA соопштила дека дефектот на нивниот вселенски телескоп Hubble, кој се случи неодамна, нема да потрае долго. Сепак, од астрономската заедница изразија загриженост откако NASA соопшти дека дефектот на жироскоп на Hubble предизвикал сериозни проблеми во насочувањето на телескопот.

По дефектот, Hubble преминал на safe mode, а од NASA објаснуваат дека жироскопот веќе година дена бил во лоша состојба.

“Постоеја знаци дека жироскопот можеше да се расипе. Неговиот дефект не бил неочекуван, бидејќи два вида на слични жироскопи веќе ни откажаа. Преостанатите три жироскопи кои се достапни за употреба се технички подобрени и очекуваме дека ќе имаат подолг работен век“, изјавила од NASA.

Hubble има шест жироскопи, од кои три се оригинални и од 1990 година, а три дополнителни кои од страна на астронаутите беа инсталирани во 2009 година. За правилно функционирање се потребни три жироскопи, така што нема да има проблем и доколку експертите на NASA не успејат да го поправат дефектот на жироскопот кој откажа.

Текстот Се расипа вселенскиот телескоп Hubble е превземен од USB.mk.