Се заканува криза: Што ќе се случи кога ќе го снема овој минерал? (ВИДЕО)

Научниците предупредуваат дека недостигот на минералот фосфор ќе биде пресуден за опстанокот на човештвото.

Во научната заедница сè повеќе се расправа за тоа дали светот ќе може да продолжи со ова темпо како досега, со оглед на фактот дека остануваат сè помалку рудници во светот со овој минерал.

Дел од научната фела не се согласува дека светот најмногу е загрозен од глобалното затоплување, топењето на ледот, зголемената температура и намалената количина на плитка вода. Сите овие работи тие ги ставаат во втор план, пишува Експрес.хр.

Фосфорот во најголеми количини доаѓа од рудниците во Мароко, а најмалку го има во Кина, САД, Јордан и Јужна Африка. Во Мароко повеќето рудници се наоѓаат во западна Сахара, поранешната шпанска колонија, која Мароко ја анексирал во 1975 година. Фактот дека преку 70% од фосфорот доаѓа од една единствена локација е огромен проблем, предупредуваат научниците. Тие сметаат дека побарувачката почнува да ја надминува понудата.

Во најлош случај, резервите на фосфор ќе бидат целосно исцрпени во рок од 35 години, пишува во научното списание „Нејчр“. Научниците оваа криза ја споредуваат со нафтената криза, но за разлика од нафтата, за фосфорот не постои алтернативно решение. Во природата, овој минерал е врзан само за кислородот, наречен фосфат.

Фосфорот е клучна состојка во растителното ѓубре. Огромните количини на ѓубре им овозможиле експлозивен раст на населенијата во индустриските земји ширум светот во последните неколку децении.

Земјоделските површини често се исцрпени од фосфор, за време на жетвите и орањата. Земјоделците бараат дополнителни ѓубрива кои содржат фосфати за земјата биде поплодна. Решението за фосфорната криза може да се постигне со неколку едноставни мерки, велат научниците. Човештвото првенствено треба да јаде помалку месо, затоа што големи колични се користат за одгледување на стоката.

Исто така треба да се вложува во технологија за вадење на фосфорот од канализациите. Најважната последица на недостиг на фосфор ќе биде секојдневното зголемување на цената на ѓубривата. Тоа нема да влијае само на земјоделците. Како резултат на тоа, цената на производите како што се житарниците, драстично ќе се зголеми. Некои од овие прехранбени продукти ќе станат луксузна роба.

Текстот Се заканува криза: Што ќе се случи кога ќе го снема овој минерал? (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.