Шест астероиди ќе се приближат до Земјата до 2029 година

Шест астероиди ќе се приближат до нашата планета до 2029 година, вклучувајќи го и опасниот „Апофис“, кој може да предизвика глобална катастрофа, пишува „Space“.

Првиот вселенски објект ќе се најде во близина на Земјата уште во 2027 година, тврдат научници од Пасадена.

Небесното тело, кое добило ознака „1990 MU“, според прелиминарните проценки има дијаметар 2,8 километри. По него, други пет астероиди ќе се најдат близу до Земјата.

Последниот од овие шест е „Апофис“, кој се очекува во 2029 година. Претходно се верувало дека ќе се приближи кон Земјата во 2036 година.

Научниците од Пасадена истакнуваат дека ниту едно од шесте небесни тела нема да претставува закана за Земјата. Иако два од астероидите ќе преминат на помалку оддалеченост од нашата планета од она на кое се наоѓа Месечината од нас.

Текстот Шест астероиди ќе се приближат до Земјата до 2029 година е превземен од USB.mk.