Скенирање на лицето како услов за пристап до порно сајтови

Во септември, австралиската влада отвори конкурс за идеи што би требало да ги спречи малолетните лица да пристапат до порнографски содржини на Интернет. Меѓу решенијата беше и онa што воведе скенирање на лицето во процесот и дојде ни помалку ни повеќе туку од Министерството за внатрешни работи.

Идејата вклучува скенирање на лицата на љубителите на порнографијата и споредување со сликите од владината база на податоци, за да се утврди возраста на гледачите. Министерството веќе развива Face Verification сервис, кој ќе служи за утврдување на идентитетот преку споредување на скенираните лица од фотографиите што се користат за лични документи зачувани во базата на податоци. Според Министерството, системот би можел да се користи и за утврдување на возраста при користење на услуги преку интернет, што може да ги спречи малолетните лица да ги користат податоците на нивните родители кога пристапуваат на веб-страница која има ограничување на возраста.

Во предлогот не е наведено решение за проблемите како она во рамките на кое некое возрасно лице би се обидело да пристапи до порно-страница преку уред без камера, и оној што им овозможува на малолетните лица пред камерата да стават фотографија од некоја постара личност. Покрај тоа, постојат прашања за приватноста и следењето на однесувањето на корисниците, па останува да се види како Австралија, но и другите земји, ќе го решат проблемот што се повеќе привлекува внимание, затоа што несоодветни, честопати насилни содржина им се достапна на малолетни лица и на нив вршат влијанието кое останува.

 

 

Текстот Скенирање на лицето како услов за пристап до порно сајтови е превземен од USB.mk.