Слепа жена со креирање на технологија им го олесни животот на лицата кои не гледаат

Откако остана слепа во 14-та година, Chieko Asakawa помина десет години, развивајќи технологија која секојдневно ги менува животите на многу слепи луѓе, пренесува BBC.

„Кога го почнав овој проект, немав никаква технологија која би можеше да ми помогне. Не можев да прочитам, ниту некаде да отидам сама”, рече др. Асакава, која ослепе на 14 години, по несреќа во базен.

Тешката ситуација ја наведе да почне да учи да го користи компјутерот како слепо лице, и наскоро доби работа во IBm. Додека работеше во компанијата го заврши својот докторат. Таа произведе програма која го преведува гласот во текст и обратно и така им ја отвори вратата на многу слепи лица во Јапонија.

Др. Асакава разви технологија, која се вика NavCog и функционира преку апликација на паметните телефони и им помага на слепите лица полесно да се снаоѓаат на разни локации. Оваа апликација се уште е во почетна фаза и е достапна само во Јапонија и некои делови од Америка, а од IBM неодамна изјавија дека апликацијата наскоро ќе биде лансирана во целиот свет.

Идниот проект на др. Асакава е багаж кој ќе функционира на принцип на робот, и самиот ќе се движи зад сопственикот и ќе најави кога ќе наиде на скали, бидејќи тогаш мора да се подигне.

„Сакам да уживам кога патувам сама, затоа максимално ќе се фокусирам на овој багаж, дури и ако тоа ми одзема доста време”, рече таа.

 

 

Текстот Слепа жена со креирање на технологија им го олесни животот на лицата кои не гледаат е превземен од USB.mk.