Словенија во вселената: Со два мали сателита ќе ја снима Земјата

Словенија пред две години стана придружна членка на Европската вселенска агенција, а се натпреварува и за постојано членство.

Словенечката влада објави дека ги одобрила почетните средства за лансирање на првите два сателита проектирани во Словенија, кои би требало да бидат испратени во вселената во првата половина на следната година со ракетата Vega на компанијата Arianespace.

Се работи за микросателитот Nemo HD, кој го развиле словенечките инженери, при што 85 проценти од средставата дала ЕУ, а 15 отсто државата. Сателитот со маса од 65 килограми кој ќе ја снима Земјата од височина од 600 километри е дополнување на европскиот систем Copernicus, со сопствен извор на податоци за потребите на урбанизмот, екологијата, земјоделството, шумарството и транспортот.

Владата за проектот на неговото финансисрање и лансирање осигура 830 илјади евра, а од подготовката на проектот па до покренувањето, вкупните трошоци ќе изнесуваат 2,3 милиони евра, во рамките на програмата на Европската вселенска агенција (ESA).

Словенија пред две години стана придружна членка на ESA, а се натпреварува и за постојано членство.

Освен микросателитот Nemo HD, Словенија со ракетата Vega во вселената ќе го лансира и наносателитот Trisat со маса од 4,4 килограми. Тој ќе ја снима земјата врз основа на мултиспектралното сафаќање на слики и краткобрановидниот инфрацрцен спектар, а би требало да биде во употреба најмалку две години.

 

Текстот Словенија во вселената: Со два мали сателита ќе ја снима Земјата е превземен од USB.mk.