Со анализа на ДНК конечно откриено кој го изградил Стоунхенџ

Британските научници ја анализирале ДНК на градителите на Стоунхенџ за да го утврдат нивното потекло и заклучиле дека градбата е дело на народи кои се доселиле од Пиринејскиот полуостров.

Тим на експерти предводен од Селина Брејс од Natural History Museum во Лондон, ги проучувал ДНК трагите на
народите кои ја населувале територијата на Велика Британија во периодот на младото камено доба.

Градителите на познатиот Стоунхенџ биле земјоделци, а споредбата на нивната ДНК со народите кои во тоа време живееле во континенталниот дел на Европа покажува дека предците на градителите на Стоунхенџ пред околу 6 илјади години на британскиот остров мигрирале од Пиринејскиот полуостров, односно од подрачјето на денешна Шпанија.

На Пиринејскиот полуостров пристигнале 2 илјади години претходно во големиот бран на мигранција кој тргнал од Анатолија, денешна Турција. Во тој бран на миграција, една група на земјоделци тргнале покрај реката Дунав кон централна Европа, а другата назад преку Средоземното море.

Неолитските мигранти во Велика Британија, освен земјоделството, со себе ја донеле и културата на изградба на неолитски структури од големи камени парчиња, баш како Стоунхенџ.

Иако успешно завладеале со Британија, ниту пиринејските доселеници не опстанале долго. Пред околу 4500 години нивните потомци целосно биле истиснати од новиот бран на мигранти, овој пат од централниот дел на Европа.

Велика Британија така во распон од само неколку илјади години доживеала неколку големи генетски менувања – од примитивни ловци, преку анатолиските градители на Стоунхенџ, до Европејците чие генетско наследство останало до денес.

Текстот Со анализа на ДНК конечно откриено кој го изградил Стоунхенџ е превземен од USB.mk.