Со џебниот скенер Butterfly iQ можете да направите ултразвук на целото тело

Американската компанија Butterfly Networks произведе ехо скенер што може да се приклучи на смартфон и е достапен за околу 2.000 долари.

Неговиот креатор Џонатан Ротберг тврди дека овој скенер ќе има исто влијание на здравствената заштита, како и стетоскопот пред 200 години.

Скенерот наречен Butterfly iQ може да скенира повеќе од два часа во континуитет. Вградената батерија и безжичното полнење пружаат целосна удобност на користење на скенерот.

Куќиштето на скенерот е изработено од анодизиран алуминиум, за да може да биде поиздржлив, да поднесе поголема топлина и да ги издржи најтешките услови.

Од компанијата Butterfly Networks истакнуваат дека нивниот скенер е прв џебен уред од ваков вид, кој прикажува како изгледа внатрешноста на човечкото тело.

Користењето на ултразвулниот скенер Butterfly iQ е поедноставено на неколку кликови и повлекувања, така што може да го користи секој кој е способен за користење мобилни уреди.

Текстот Со џебниот скенер Butterfly iQ можете да направите ултразвук на целото тело е превземен од USB.mk.