Сондата на NASA ја направи најблиската фотографија од Сонцето

Сондата „Паркер” наменета за поблиско истражување на Сонцето, ја преживеа својата прва блиска средба со Сонцето.

Сондата беше лансирана на 12 август и веќе се закити со статусот на најбрзо вселенско летало и најблиску направен прелет до Сонцето, споредено со сите претходни вселенски мисии. Во наредните седум години планирано е таа да направи 24 блиски прелети крај Сонцето, за на крај да се спушти на само 6 милиони километри над сончевата површина.

Доближувањето ја донесе на 15 милиони милји од површината на Сонцето (што е многу помало растојание од она меѓу Меркур и Сонцето). Сондата се движеше со брзина од 213.200 милји на час, што е најбрзо движење на некој вселенски брод направен од човекот.

А на следната фотографија можеме да фрлиме поглед на тоа како изгледа површината на Сонцето и другата атмосфера од таа оддалеченост.

На фотографијата може да се забележи една бела точка во средината. Тоа е Јупитер, во позадина.

„Паркер“ се обидува да одговори на неколку големи прашања за нашата ѕвезда, на пример, зошто короната на Сонцето е толку жешка во споредба со површината под неа и како соларниот ветар се забрзува толку брзо?

Текстот Сондата на NASA ја направи најблиската фотографија од Сонцето е превземен од USB.mk.