Создадена е технологија што произведува роботи со големина од еден милиметар

Научниците работат на микро-роботи инспирирaни од животни и направени од меки материјали што ќе се користат за да пристапат средини каде што ние не можеме.

Микро-роботите можат да се користат за време на хируршки операции внатре во човчкото тело, или во простори што се премногу мали за луѓето или конвенционалните роботи да ги собери.

Научниците имат направено микро-робот со големина од еден сантиметар, но помали роботи кои што ќе можат да извршуваат повеќе функции до сега се немат создадено.

Но сега тим од научници од Харвард заедно со Универзитетот на Бостон го надминија овој предизвик.

Тие создадија нова технологија која што може да произведе микро-роботи со големина од еден милиметар. За да ја демонстрираат новата технологија тие креираа робот од меки материјали што наликува на пајак.

Роботот може да се движи низ секакви средини и да извршува едноставни функции.

Научниците сега работат на усовршување на технологијата за во иднина покомплексни функции да можат да бидат извршени.

Текстот Создадена е технологија што произведува роботи со големина од еден милиметар е превземен од USB.mk.