SpaceX планира да лансира дополнителни 30.000 сателити во вселената

Во рамките на проектот Starlink, односно вселенскиот интернет, SpaceX побара дозвола за испраќање дополнителни 30.000 сателити во ниската орбита на Земјата.

Вселенската компанија SpaceX неодамна доби лиценца за испраќање на 12 илјади сателити, кои би требало да формираат сателитска интернет мрежа, која на сите на Земјата би требало да им овозможи брз пристап до Интернет. Првите сателити веќе беа лансирани во вселената во мај оваа година, веќе овој месец се очекува лансираање на 60 нови сателити овој месец, а SpaceX сега побара дозвола за испраќање на дополнителни 30.000 сателити во вселената.

Компанијата на Ело Маск побара дозвола од Меѓународната унија за телекомуникации и Американската Федералната комисија за комуникации, кои претходно го одобрија испраќањето на првичните сателити. Ако и овој пат биде позитивен одговорот на барањето на Маск, по неколку години, во Земјината орбита би можеле да се наошаат повеќе од 40,000 мали сателити на Space X, кои би можеле да бидат столбот на интернетот на иднината.

Сателитите би требало да бидат поставени во ниска орбита на Земјата на височина помеѓу околу 325 и 570 км, каде „вселената е најчиста“, но експертите предупредуваат на близината на Меѓународната вселенска станица до овие сателити. Сателитите кои летаат близу ISS, би можеле да бидат опасност за станицата и астронаутите, па не се сите воодушевени од идејата за илјадници сателити, кои ќе минуваат во близина на ISS. Покрај вселенската станица, сателитите би можеле да бидат опасност и за вселенските летала кои патуваат кон ISS, така што сателитите на Starlink би можеле „да имаат ефект врз иднината на вселенските летови со човечки екипаж“ – и тоа не позитивен ефект, предупреди Роџер Томпсон од Aerospace Corporation.

 

Текстот SpaceX планира да лансира дополнителни 30.000 сателити во вселената е превземен од USB.mk.