Спектакуларна ерупција со грмотевици на вулканот Кракатау (ВИДЕО)

Индонезискиот вулкан Кракатау, чија силна ерупција го шокираше светот во 1883 година, повторно еруптираше приредувајќи вистински огномет. 

Станува збор за вулканот, кој е позициониран во Индонезија помеѓу островите Јава и Суматра. Во регионот е регистриран и земјотрес со јачина од 4,4, степени во Рихтер.

Кракатау припаѓа во групата на активни вулкани во така наречениот “Огнен појас на Пацификот”, а зголемената активност се покажува од јуни оваа година.

Кракатао, инаку, некогаш беше назив за остров со вулканско потекло кој го разнесе силна ерупција на вулканот во 1883 година. Тоа е една од најпознатите експлозии на сите времиња. Денес на тоа место е островот Ракату.

Научниците велат дека таа година вулканот ги изложил своите најголеми капацитети и дека шансите се многу мали за повторно да дојде до слична експлозија.

Текстот Спектакуларна ерупција со грмотевици на вулканот Кракатау (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.