Станува загрижувачки: Не можеме ни преку пешачки премин без смартфон (ВИДЕО)

Користењето на паметни телефони зад воланот е закана за безбедноста во сообраќајот, но употребата на мобилен не е помала опасност ниту за пешаците.

Луѓето се повеќе се преокупирани со своите паметни смартфони, па често не го симнуваат погледот од екранот ниту кога чекорат по тротоарите ниту кога преминуваат улица, доведувајќи се така себе си во опасност да бидат удрени од автомобил.

Овој негативен тренд е приметен уште пред неколку години кога се појавија и првите идеи во светот како да се унапреди безбедноста на пешаците во сообаќајот кои се однесуваат како зомби поради мобилните телефони.

Токму затоа инсталирана е нова подна сигнализација за пешаци пред пешачките премини во некои градови во Германија и Холандија. LED ленти или светлосни линии во црвена и зелена боја се вградени во тротоарите и усогласени со вертикалната сигнализација односно семафорите, така да невнимателните пешаци преокупирани со мобилниот уред кога се доближуваат до пешачки премин, полесно може да воочат дали е безбедно да поминат преку улица бидејќи погледот веќе им е насочен надоле.

Целосниот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас

Текстот Станува загрижувачки: Не можеме ни преку пешачки премин без смартфон (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.