Стапалото на Бигфут припаѓало на диносаурус 

Скоро еден метар широко фосилизирано стапало од диносаурус откриено пред 20 години е најголемото досега што било пронајдено.

Остатокот од скелетот на овој динсоаурус допрва ќе се пронаоѓа, но формата на коските укажува дека припаѓал на видот бракиосаур. Овие долго-вратни вегетаријанци живееле пред 150 милиони години.

Откриеното стапало покажа дека овој диносаурус бил околу 30 метри долг, тоа е скоро колку должината на еден син кит.

Научниците, кои го именуваа диносаурусот Бигфут, се исто така зачудени и од локацијата каде што беше пронајден фосилот. Според нив, досегашните теории за тоа колку патувале овие џиновски животни се погрешни, бидејќи како и луѓето и тие често мигрирале барајќи подобри услови.

Текстот Стапалото на Бигфут припаѓало на диносаурус  е превземен од USB.mk.