Студенти од Јужна Африка создале тули од урина

Јужноафрикански студенти изјавија дека со помош на човечка урина создале нови тули кои се безбедни за животната средина.

Студентите од Кејп Таун комбинирале урина собрана од машки тоалети со песок и бактерии, а овој процес им овозможува на тулите природно да се стврднат на собна температура.

Тие изјавија дека одреден ензим во оваа мешавина реагира со урината и создава кацлиум карбонат, кој е главна компонента на варовникот, а служи да ги поврзе преостанатите материјали.

Обичните тули треба да се печат на висока температура во печки што продуцираат голем количини јаглероден диоксид.

Текстот Студенти од Јужна Африка создале тули од урина е превземен од USB.mk.