Технологија со која јаглеродниот диоксид може да се претвори во индустриско гориво

Гасовите кои доаѓаат од електраните и тешката индустрија би можеле да бидат преработени во каталитички реактори кои хемиски ги трансформираат емисиите на стакленички гасови како јаглерод диоксид во индустриски горива или хемикалии, пишува Science Daily.

Според научникот Хаошан Ванг, овие процеси би можеле да се случат многу поскоро отколку што се претпоставува. Ванг и неговите колеги од Институтот Роуленд во Харвард развиле систем за користење на обновлива електрична енергија која го намалува јаглерод диоксидот во јаглерод моноксид – клучен елемент кој се користи во голем број индустриски процеси.

“Најмногу ветува идејата со која овие уреди можете да ги поврзете со електрани на јаглен или друга индустрија која произведува многу CO2“, вели Ванг. “Околу 20 проценти од овие гасови се СО2, па доколку можете да ги ставите во оваа ќелија и да ги комбинирате со чиста електрична енергија, тогаш можеме потенцијално да произведете корисни хемикалии од овие отпади на одржлив начин, па дури и да го затворите дел од тој циклус на СО2.“ додава тој.

Според него, новиот систем претставува чекор напред од оној што тој и неговите колеги најпрво го опишаа во еден извештајот од 2017 година.

Додека стариот систем е голем колку мобилен телефон и се потпира на две комори исполнети со електролит, од кои секоја има електрода, новиот систем е поевтин и се базира на високи концентрации на CO2 гас и водена пареа за да функционира поефикасно – преку само една 10-со-10-сентиметарска ќелија, која може да произведува отприлика четири литри СО на час.

Текстот Технологија со која јаглеродниот диоксид може да се претвори во индустриско гориво е превземен од USB.mk.