Технолошко чудо: Ова е првиот брод во светот кој не може да потоне (ВИДЕО)

Thunder Child е името на многу брз брод чија главна карактеристика е неговата конструкција поради која ниту најголемите океански бури не му можат ништо. Имено, дури и ако овој брод се преврти, тој самостојно ќе се исправи.

Дизајнот е на компанијата Safehaven Marine, а наменет е за употреба на американската морнарица, полиција и други служби кои пловат во опасни временски услови.

Во бродот може да влезат 10 членови на екипажот, а има и кабина за спиење. Дизајниран е така да ги апсорбира налетите на брановите, но неговата најимпресивна способност е да се исправи ако се преврти.

На оваа способност на бродот, влијаат неколку фактори. Прво, овој брод има многу низок центар на рамнотежа. Второ, самата кабина не пропушта вода, односно херметички е затворена. Конечно, кабината е дизајнирана за да плута над водата, што значи дека колку и да се превртува секогаш ќе се врати во изправена позиција.

Во прилог видео материјал од кој можете да добите вистински впечаток како сето ова изгледа.

The post Технолошко чудо: Ова е првиот брод во светот кој не може да потоне (ВИДЕО) appeared first on USB.mk.