Tesla планира да понуди YouTube и Netflix во своите автомобили

Според зборовите на првиот човек на Tesla, Елон Маск, овој производител во иднина ќе понуди пристап до дигиталните сервиси YouTube и Netflix преку инфо-забавниот систем во автомобилите.

Маск ова го потврди и на Twitter, но не потенцира кога Tesla и официјално ќе го стори тоа. Милијардерот дополнува дека користењето на YouTube и Netflix нема да биде можно додека автомобилот е во движење, туку само кога е во мирување.

Сепак, бидејќи Маск во неколку наврати најави дека Tesla практично веќе има напредна технологија за „највисоко ниво на автономно возење“, сосема е логично споменатите дигитални услуги да станат достапни во блиска иднина.

Текстот Tesla планира да понуди YouTube и Netflix во своите автомобили е превземен од USB.mk.