Тестови ја докажаа точноста на теоријата на релативност на Ајнштајн

Гравитацијата работи онака како што се очекува, дури и на најголемата скала. Во истражувањето направено неодамна, преку најригорозниот тест досега, беше докажано дека теоријата на релативност на Алберт Ајнштајн е вистинита.

Теоријата на релативност според Ајнштајн предлага (наједноставно кажано) дека сите објекти паѓаат на истиот начин, без разлика на нивната маса или нивниот состав, односно дека сите објекти подеднакво ја чувствуваат силата на гравитацијата. Тоа значи дека ако фрлите, на пример, јаболко и топка за куглање од зграда, тие ќе паднат на земја во исто време. Ова е само еден дел од теоријата за релативност, наречен „теорија на генерална релативност“.

Но, голем број научници и луѓе поврзани со науката веруваа дека тоа не е вистина. Тие сметаа дека во случаи на екстремна гравитација, алтернативните однесувања на гравитацијата можат да бидат забележани. Но, со тестирање на оваа теорија во најекстремната можна околина – систем составен од три ѕвезди – таа и понатаму беше докажана како точна.

„Истражувањето покажа дека рутината и внимателното набљудување на далечните ѕвезди може да ни овозможи тест со висока прецизност за една од основните теории на физиката“, вели Ингрид Стерс, професор на департманот по физика и астрономија на UBC и ко-автор на истражувањето.

Тоа беше спроведено во она што научниците го нарекуваат „природната лабораторија“ – систем од три ѕвезди наречен PSR J0337+1715, кој е лоциран на 4.200 светлосни години оддалеченост од Земјата. Екстремните услови таму служат како корисен начин за научниците да спроведуваат тестови во такви ситуации.

„Ова е уникатен ѕвезден систем. Не знаеме за ниту еден сличен на него. Ова го прави специјална лабораторија за тестирање на теориите на Ајнштајн“, вели Рајан Линч од опсерваторијата Green Bank во Западна Вирџинија, исто така ко-автор на истражувањето.

The post Тестови ја докажаа точноста на теоријата на релативност на Ајнштајн appeared first on USB.mk.