Уште една компанија сака да влезе во трката за изработка на прв летачки автомобил

Во трката за прв летечки автомобил влезе нова компанија, со модел чиј дизајн ги има своите корени во 1940-тите години на минатиот век.

JETcopter е хибридно летало именувано по истоимената германска компанија за истражување и развој. Идејата за JETcopter доаѓа од холандскиот дизајнер Александар Вејгерс и неговиот дизајн за летало наречен Discopter, со кое сакал да го привлече интересот на американската војска уште во 30-тите години на минатиот век.

Идејата на Вејгерс не нашла плодна почва кај американската армија поради избивањето на Втората светска војна и оттогаш како да паднала во заборав. Неговиот дизајн изгледал како летечка чинија, а станувало за летало што може да полетува и слетува вертикално, а е наменето само за еден патник.

Моторот на JETcopter потсетува на оригиналниот дизајн на Вејгерс, остатокот од леталото е повеќе како стандарден хеликоптер, а германската компанија своето летало го споредува со хеликоптерите, кога станува збор за безбедноста, брзината и цената на употреба.

JETcopter се состои од две центрифугални воздушни турбини, чиј погон се два мотори со по 400 коњски сили. Турбините се со дијаметар од 2,2 метри и секоја ротира во спротивна насока наспроти другата и создаваат потисок идентичен со хеликоптер со дијаметар од околу десет метри.

Планот е да се создаде тело од јаглеродни влакна за JETcopter и со простор за транспорт на 6-8 лица со максимална брзина на летање од 1000 километри и максимална брзина од 300 километри на час.

Цената на JETcoptera поставена е на околу 300.000 евра, а од германската компанија велат дека тие би можеле да имаат оперативен прототип во рок од 24 месеци.

Текстот Уште една компанија сака да влезе во трката за изработка на прв летачки автомобил е превземен од USB.mk.