Уште една жена е бремена со ГМО-бебе, во Кина покрената истрага

Кинескиот научник Хе Јианкуи, кој тврди дека ги направил првите генетички модифицирани бебиња, сериозно ги прекрши државните прописи, стои во резултатите на истрагата објавена од страна на државните медиуми во понеделникот, објави „Њујорк тајмс”.

Иследниците, исто така, заклучија дека него, но и оние што му помогнале во работата, веројатно ги чека кривична пријава. Тие велат дека истражувањето го направил барајќи слава и богатство за себе. Се вели дека ја заобиколил контролата и сам собрал средства и го организирал својот тим. Истрагата покажа дека Хе со својот тим ги сменил ембрионите и дека една жена во ноември ги родила близначките Лулу и Нана, а дека друга била бремена.

Тој на форумот за човечки геном во Хонгконг изјавил дека потенцијално постои уште една бременост во која учествува друга двојка. Со истрага е потврдено постоењето на другата мајка и дека таа жена уште е бремена, јавила официјалната кинеска агенција „Синхуа“.

Оваа жена и девојчињата од првата бременост ќе бидат ставени под медицински надзор, рекол еден истражувач. Со истрагата е утврдено дека Хе „ги фалсификувал документите за етичка оценка“ и „намерно ја избегнал супервизијата“, се додава во извештајот.

Сите жени доброволно учествувале во експериментот. За време на истрагата, Хе беше под надзор на Универзитетот во Шенжен, а Универзитетот во понеделникот објави дека ги прекинуваат неговиот договор, колегиуми и истражувачки активности.

Хе со својата постапка, која многумина ја нарекуваат „играње на Бог”, покрај власта, ги разбранува научните кругови и предизвика незадоволство кај научниците, колегите истражувачи, но и теолозите.

Текстот Уште една жена е бремена со ГМО-бебе, во Кина покрената истрага е превземен од USB.mk.