Вака изгледа кога црна дупка ќе проголта ѕвезда (ВИДЕО)

Научниците на НАСА прв пат со телескоп зебележале огромна црна дупка како уништува ѕвезда и го снимиле целиот процес од почеток до крај.

Ѕвездата оддалечена 375 милиони светлосни години е со големина колку нашето Сонце. Настанот го снимил сателитот TESS на НАСА откако претходно бил откриен со помош на неколку различни телескопи.

Астрономите ја искористиле Меѓународната телескопска мрежа за откривање на феноменот пред да се свртат кон ТЕСС, кој е дизајниран да ги „лови“ далечните планети и го сними почетокот на драматичниот  настан, докажувајќи ја неговата ефикасност во набудувањето на вселената.

„Тоа е комбинација на способност и среќа и понекогаш треба да ја туркате науката напред“, рече астрономот Томас Холоин од Институтот за наука Карнеги, кој го водеше истражувањето, објавено во „Астрофизички журнал“.

Ваков феномен се случува кога ѕвезда ќе дојде премногу блиску до супермасивна црна дупка, објект кој постои во средината на многу галаксии вклучително и нашата Млечен Пат. Снажните гравитациски сили на црните дупки ја уништуваат ѕвездата, дел од неа се распрснува низ вселената, а остатокот влегува во црната дупка притоа формирајќи жежок и сјаен диск.

Текстот Вака изгледа кога црна дупка ќе проголта ѕвезда (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.