Ви треба помош по сообраќајка? Volvo има апликација и за тоа (ВИДЕО)

Volvo на своите клиенти им понуди нова бесплатна апликација дизајнирана да дава совети и помош по можна сообраќајна несреќа.

Volvo е светски призната како компанија која обрнува големо внимание на безбедноста на патниците, преку технологии кои помагаат до несреќа воопшто и да не дојде, како и преку системи за активна и пасивна безбедноснст кои ја намалуваат можноста и сериозноста на повредите во случај кога сепак ќе се случи сообраќајна несреќа.

Новата апликација Car Accident Advisor има за цел да обезбеди помош за возачот откако веќе се случила несреќата, а возачот и патниците не биле повредени.

„Volvo со години развива безбедносни системи кои им помагаат на службите за итни случаи да бидат известени во најкраток можен рок и да стигнат на местото на сообраќајната незгода, со цел навремена помоѓ на повредените лица“, велат од компанијата. „Сега ја лансиравме апликацијата Volvo Car Accident Advisor, која служи како „водич“ на возачот да му помогне во следните чекори по несреќата, во случај кога преку системот Volvo Customer Care потврдил дека сите во автомобилот се безбедни и неповредени“.

Оваа апликација практично сопственикот го води низ серија на постапки кои треба да се пројдат по несреќата, вклучувајќи и идентификација на настанатата штета на возилото и фотографии од оштетувањето на каросеријата.

Извор: Додај Гас

Текстот Ви треба помош по сообраќајка? Volvo има апликација и за тоа (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.