Виртуелниот велосипедизам станува нов хит на електронскиот спорт (ВИДЕО)

Esports или електронскиот спорт не мора да значи дека видео игрите треба да бидат насилни или комплицирани. Доволно е барем да имаат некоја натпреварувачка компонента.

Калифорниската компанија Zwift која што смисли и дизајнираше виртуелна платформа за фитнес, разви онлајн платформа преку која велосипепдизмот ќе го внесе во светот на електронскиот спорт.

Станува збор за платформа која што на вљубениците на велосипедизмот и трчањето ќе им овозможи од сопствениот дом, да вежбаат со виртуелни тренери и да возат или трчаат по виртуелни патеки.

Дека оваа компанија е на добар пат, говорат и бројките – повеќе од еден милион луѓе веќе ја користат платформата на Zwift и виртуелниот тренер. Доволно е да се отвори корисничка сметка на Zwift, да се превземе апликацијата за паметен телефон или телевизор, да се плати месечна претплата од 15 долари и да започне забавата.

Апликацијата ги следи тренинзите на корисниците, но исто така се овозможува и учество на виртуелни трки против други корисници, а токму поради тоа за екстремно кратко време значително порасна популарноста на виртуелниот велосипедизам.

Од Zwift се надеваат дека тоа ќе им ги отвори вратите за учество на Олимписките игри. На кои Олимписки игри не прецизираа, но според многумина, имаат веќе поголеми шанси за тоа од Counter Strike или Dota 2.

Извор: Zimo.hr

Текстот Виртуелниот велосипедизам станува нов хит на електронскиот спорт (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.