Во Амазон откриена електрична јагула која со 860 волти пржи се пред себе (ВИДЕО)

Во водите на Амазон пронајдени се два нови видови на елекрична јагула од кои едниот, кој се вика Electropharus voltai, е во состојба да генерира електричен напон од рекордни 860 волти.

Новите видови откриени се со истражување на ДНК, а за научниците ова претставува уште еден доказ за разновидноста на растителниот и животинскиот свет во Амазонските прашуми.

Откритието исто така е показател за заштита на ова место од дефорестација, односно сечењето и уништувањето на стеблата и пожарите.

Дејвид де Сантана, зоолог од Природн-научниот музеј „Смитсонијан“, смета дека човечкото влијание во Амазон е големо и може да се очекуваат откривање на големи риби, како што се двете новооткриени видови на електрични јагули.

Постојат три видови електрични јагули: Electrophaurs electrius, Electropharus voltai и Elecetropharus varii, наведува британскиот „Guardian“.

Списанието потсетува дека електричните јагули биле главна инспирација за конструирање на првите електрични батерии.

Извор: B92.net

Текстот Во Амазон откриена електрична јагула која со 860 волти пржи се пред себе (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.