Во близина на Копенхаген ќе се гради остров за 35.000 жители

Данска планира да изгради нов остров блиску до пристаништето во Копенхаген за да создаде повеќе простор за зголемената популација, најави данскиот премиер Ларс Локе Расмунсен.

Островот би можело да биде изграден до 2070 година и на него би живееле 35.000 жители. Според Расмунсен, тоа би го штитело градот од растечкото ниво на морето.

– Копенхаген се повеќе се развива и гради како никогаш досега. Тоа е добро, но значи и дека градот наскоро ќе остане без простор поради што сакаме да изградиме нов остров, изјави Расмунсен.

Проектот ќе чини 3,1 милијарди долари, вклучително изградба на метро и тунели, а ќе го градат неколку компании од Копенхаген и Данска.

Текстот Во близина на Копенхаген ќе се гради остров за 35.000 жители е превземен од USB.mk.