Во Данска отворен најголемиот базен на пристаниште во светот

Данското архитектонско студио Bjarke Ingels Group (BIG) дизајнираше несекојдневен базен во пристаништето на данскиот град Архус, пишува Design Boom.

Комплексот располага со базен од 50 метри, детски базен, нуркачки базен и две сауни, а може да прими 650 капачи. Ова место за релаксација и забава се смета за најголема морска бања од ваков тип.

Инаку дизајнот е во форма на буквата Г и формира пловечки вештачки остров на брегот на вториот по големина град во Данска. Целиот комплекс нуди како објекти за пливање, така и плажа и терени за одбојка, барови и кафулиња коишто се наредени по должината на морето.

Идните планови за отворениот базен предвидуваат да се изгради театар, хотел, ресторани, продавници, но и куќи за капење. Инаку овој комплекс е отворен за јавноста од 11 часот претпладне до 7 часот наутро следниот ден, и ќе биде отворен до на август 2018 година.

Текстот Во Данска отворен најголемиот базен на пристаниште во светот е превземен од USB.mk.