Во Египетска гробница откриено е сирење старо над 3000 години

Археолози го открија најстарото сирење на планетата.

Сирењето направено од мешавина на кравјо и овчо или козјо млеко беше пронајдено во скршена глинена тегла во Египетска гробница.

Гробницата е од 13ти век пред нашата ера и му припаѓа на Птамес, градоначалникот на древниот град Мемфис.

Хемичарот Енрико Греко од Универзитетот на Катанија, Италија , користејќи спектрометар дозна дека сирењето содржи остатоци од бактерија што предизвикува инфекција наречена бруцелоза, ова открива дека Египќаните во тој период најверојатно претрпеле голема загуба на живот бидејќи антибиотикот(пеницилин) е откриен повеќе од 3000 год подоцна.

Сирењето е постаро со повеќе од иљада години од кое и да било друг млечен производ пронајден од античките времиња, ова ја менува теоријата за кога луѓето почнуваат да преработуваат млечни производи.

За сите што се прашуваат каков мирис имало сирењето, археолозите потврдија дека заради долгото време и распаѓање не постоел никаков одор.

Текстот Во Египетска гробница откриено е сирење старо над 3000 години е превземен од USB.mk.